20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРФМ: Одредени термините за завршните натпревари во Купот

РФМ: Одредени термините за завршните натпревари во Купот

kup rakomet

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги објави термините во кои ќе се одиграат завршните натревари во Купот во машка и женска конкуренција. Завршните дуели во Купот ќе се одиграат од 14-ти до 16-ти мај во Спортско рекреативниот центар „Кале“ и Спортскиот центар „Јане Сандански“.

На 14-ти мај на програмата ќе бидат полуфиналните дуели во машка конкуренција Металург – Пролет (17 часот) и Вардар – Зомимак (19.30 часот).

Полуфиналните дуели во женска конкуренција на програмата се на 15-ти мај, и тоа ЖРК Металург -Пелистер (17 часот) и ЖРК Вардар – СЦБТ Вардар (19:30 часот).

Финалните дуели ќе се одиграат в сабота во СЦ „Јане Сандански“, во 15 часот ќе се игра финалето во женска конкуренција, додека во 18:30 часот ќе започне финалето во машка конкуренција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП