ПочетнаЕКОНОМИЈАМобилен даночен шалтер на УЈП задутре пред општина Аеродром

Мобилен даночен шалтер на УЈП задутре пред општина Аеродром

ujp

Управата за јавни приходи во петок пред општинската зграда на Аеродром ќе постави „Мобилен даночен шалтер“, преку кој даночните услуги ќе можат да се доближат до даночните обврзници.

Преку опремено комбе како даночна канцеларија, граѓаните и фирмите без да го напуштат своето место на живеење/седиште ќе имаат можност да ги добијат сите даночни услуги и информации, поточно да ги достават сите видови даночни пријави и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП.

Целта на оваа активност на УЈП е да се овозможи достапност на услугите, како и да се зголеми ефикасноста на мобилните даночни шалтери и на тој начин да се задоволат потребите на граѓаните и правните субјекти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП