29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Геа потпиша нов договор со Јунајтед?

Де Геа потпиша нов договор со Јунајтед?

degea 33

Шпанскиот голман Давид де Геа ќе го продолжил договорот со Манчестер Јунајтед, информира „Сан“.

Според британското издание 24-годишниот голман ќе потпише договор до летото 2017-та година и ќе добива по 200.000 фунти неделно.

Давид де Геа беше привлечен од „црвените ѓаволи“ во 2011-та година, кога беа платени 17.8 милиони фунти на Атлетико (Мадрид).

Во оваа сезона Давид де Геа ги одигра сите 35 натпревари на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата до моментов. Тој беше меѓу стартерите и на 5-те натпревари од ФА Купот и еден во Лига Купот.

Доколку оваа вест се потврди, се очекува со новиот договор на младиот Шпанец да се негираат шпекулациите кои беа поврзани со неговото име за евентуален трансфер во редовите на Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП