ПочетнаИНТЕРЕСНОХимки го освои Еврокупот

Химки го освои Еврокупот

2015-04-29_khimki_moscow_region_champ_eurocup_2014_15_finals

Кошаркарите на Химки ја освоија титулата во Еврокупот, тие во двомечот забележаа две убедливи победи на Гран Канарија. Химки покрај освоената титула обезбеди директен пласман во Евролигата во наредната сезона.

Откако во првиот меч во Шпанија, Химки победи со 91:66, во реваншот екипата од Подмосковље рутински ја заврши работата и славеше со 83:64.

Џејмс Огастин со 18 поени (7/7 од поле), односно Тајрис Рајс со 16 поени и 6 асистенции и Пол Дејвис со 16 поени и 10 скока беа најефикасни во редовите на Химки.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП