ПочетнаИНТЕРЕСНОФранција се провлече во Скопје

Франција се провлече во Скопје

HANDBALL2-blog427

Македонската ракометна репрезентација загуби од Франција со 25:27 (13:15) во квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство во Полска.

Македонските ракометари против европскиот, светскиот и олимпискиот шампион одиграа храбро без респект, а во финишот испуштија можност да забележат и позитивен резултат.

Французите влегоа силно во овој меч по 12,минути поведоа со 1:4, но Македонија одговри со своја серија откако успеа да ја стабилизира играта и да стиген до првото водство на мечот 6:5.

Сепак Французите повторно воспоставија контрола врз играта во финишот создадоа одново предност од три гола 12:15, која до крајот на полувремето ја намали Манасков.

Во второто полувреме ‘триколорите’ во 41.минута имаа предност од пет голови (17:22), но Македонија уште еднаш успеа да се врати во мечот и во 57.минута да стигне на само гол негатива (25:26).

За жал до крајот на мечот избраниците на Обрван не постигнаа ниту еден гол, Миркуловски во нападот за израмнување направи пробивање, а Мае потоа го постави конечниот резултат.

Лазаров со осум и Стоилов со пет гола ја предводеа Македонија, додека најефикасен кај Французите беше Гигу со шест гола.

Реванш натпреварот помеѓу двете репрезентации ќе се одигра во Тулуз на 3.мај.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП