ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалски тим заработува милиони од осигурување

Фудбалски тим заработува милиони од осигурување

Spain Soccer Champions League

Екипата на Борусија Дортмунд следната сезона нема да учествува во Лигата на шампионите за прв пат по пет години, што ќе ја лиши од најмалку 30 милиони евра.

Раководството на тимот, чии акции се тргуваат на берзата, сепак, уште еднаш се покажа дека имаат визија и за во иднина. Во 2012-ра година, кога тимот ја освои втората по ред титула во Бундеслигата, менаџментот на тимот склучи договор за осигурување доколку евентуално не обезбедат пласман во Лигата на Шампионите.

Полисата е потпишана за три години, а еден од основните услови за таа да е во сила е тренерот Јирген Клоп, како и тројца од врвните играчи на тимот, да не си заминат.

Па така оваа полиса ќе ги обезеди приходите кои Борусија нема да ги добие со неиграњето во најсилното европско клупско натпреварување во следната сезона.

Дортмунд ја заврши фискалната година што заврши на 30-ти јуни со приходи од 260.7 милиони  евра, а 34.7 милиони евра од приходите се имено од Лигата на Шампионите.

Само три лица од раководството на Борусија Дортмунд сепак знаеле за осигурувањето. Во моментов тимот се наоѓа на 9-то место на табелата во Бундеслигата, а до крајот на првенството остануваат само 5 круга.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП