25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧичарито погоди за полуфинале, Јуве се одбрани во Монако

Чичарито погоди за полуфинале, Јуве се одбрани во Монако

chicharito

Фудбалерите на Реал и Јувентус им се придружија на Баерн и Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите. Реал во реваншот славеше над градскиот ривал Атлетико со 1:0, додека Јувентус со ремито против Монако (0:0) ја одбрани минималната предност која ја оствари на домашен терен.

Реал остана во трката за одбрана на титулата откако во еден тежок и тензичен натпревар славеше над Атлетико со 1:0. Голот вреден полуфинале го постигна Хавиер Чичарито во 88. минута од натпреварот.

Реал со оваа победа ја прекина серијата од седум натпревари на кои немаше победа над Атлетико.

‘Кралскиот клуб’ и пред постигнувањето на голот имаше неколку одлични шанси, но Облак ги одбрани двата ударa на Чичарито, а во финишот на првиот дел беше поуспешен и од Роналдо.

Победникот практично беше решен во 72. минута кога Арда Туран поради два жолти картони мораше да ја напушти играта.

Монако на домашен терен против Јувентус беше поактивен, неколкупати неговите играчи се обидоа но без успех да го загрозат голот на Буфон. Јувентус се определи да ја чува предноста од 1:0 и успеа во таа намера.

Италијанскиот шампион по цели 12 години избори полуфинале во Лигата на шампионите.

Полуфиналните двојки ќе бидат извлечени в петок во Нион, финалето ќе се одигра на 3. јуни во Берлин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП