29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајк ќе ја облекува Рома

Најк ќе ја облекува Рома

roma

Според последните информации кои пристигнуваат од Апенинскиот полуостров, калчолигашот Рома е многу близу да постигне договор со американската компанија Најк за спонзорство.

Како што пренесуваат медиумите во Италија, Најк ќе треба да го замени досегашниот спонзор Капа кој е моменталниот производител на опрема за римскиот клуб.

Многумина ваквиот чекор го оценуваат како резултат на добрите врски на сопственикот на Рома кој е од САД со компанијата за спортска опрема која доаѓа токму од оваа земја.

Доколку дојде до договор, ова ќе биде првпат во историјата Најк да биде спонзор на клубот од главниот град на Италија. Инаку за потсетување Капа веќе шест години ги облекува играчите на Рома, а претходно тие имаа на двапати договор со Диадора и Адидас, но и со Асикс, Лакоста, НР и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП