ПочетнаЗДРАВЈЕАко сакате никогаш да не се разболите, ОВА ОВОШЈЕ мора да биде...

Ако сакате никогаш да не се разболите, ОВА ОВОШЈЕ мора да биде на вашата трпеза секој ден!

Brusnica-620x350

Од ова овошје можете да правите сок, чај, џем, слатко… меѓутоа, она што е најважно е дека во свеж и сушен облик тоа е неверојатно здраво.

Плодот брусница се користи во народната медицина уште од 16-тиот век. Брусницата содржи бројни витамини, минерали, антиоксиданти и органски киселини. Брусницата денес се одгледува ширум Европа. Расте како грмушка со темнозелени листови и височина од 10 до 40 сантиметри и крие мали зеленкасти плодови кои кога ќе созреат добиваат темноцрвена боја.

Брусниците се богати со антиоксидантите антоцијанин и проантоцијанин, за кои се смета дека помагаат во чувањето на здравјето на очите, а добро е познато делувањето на брусницата и во лекувањето на уринарните инфекции.

Бројни научни студии докажаа дека нејзините состојки, фруктозата и проантоцијанинот, спречуваат развој на бактерии, како што е Ешерихија коли, на ѕидовите од жолното кесе и уринарниот тракт.

brusnica

Брусницата има повеќе лековити дејства, ова се некои од нив:

– штити од уринарни инфекции

– спречува развој на бактерии

– ја зголемува отпорноста на организмот

– штити од неколку видови на рак

– го чува здравјето на очите

– помага при гихт и реума

– штити од кариес и проблеми со непцата

Brusnice2

Примена на брусниците

Од брусниците може да се направи сируп и мармалад, сок, се користат во колачи, торти и други десерти, може да се исушат, а може и да се замрзнат свежи, иако во овој случај губат дел од своите нутритиенти.

Од брусниците може да се направи вкусен чај, а неговата подготовка е многу едноставна.

Една кафена лажичка плодови ставете ја во врела вода, поклопете и оставете да отстои 5 до 10 минути. Потоа процедете го чајот и испијте го додека е топол.

Чајот од брусница се пие против ревматични болки, и како превенција за болести на крвните садови и туморски заболувања.

За лечење на повратни уринарни инфекции се користи сув екстракт на брусница во прав, капсули или таблети.

Brusnice

Од брусниците може да се направи и свеж, неразреден сок кој се пие во количина од 500 мл, два пати во денот. За спречување на наслаги на забите и кариес, добро е да се пие напиток од 3 делови сок од брусници и 7 делови вода.

Брусницата не се препорачува на лицата кои пијат лекови против згрутчување на крвта.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП