20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн и Барса во полуфиналето на ЛШ

Баерн и Барса во полуфиналето на ЛШ

0,,18397688_303,00

Баерн и Барселона се првите тимови кои обезбедија полуфинале во фудбалската Лига на шампионите. Барса со две победи над ПСЖ обезбеди полуфинале, додека Баерн во реваншот го декласираше Портo со 6:1.

Барселона на домашен терен со ПСЖ само го потврди пласманот во полуфиналето, откако на првиот меч славеше со 3:1, во реваншот пред своја публика победи со 2:0. Двата гола за Каталонците ги постигна Нејмар во првото полувреме.

Бразилецот го постигна 1000-от гол за Барса во европските купови и воедно стана првиот играч кој против еден ист тим погодил во низа на четри средби (Барса и ПСЖ играа во четвртфиналето и во фазата по групи).

Баерн прв пат во својата историја успеа да надомести негатива од два гола во нокаут фазата. Баварците од Порто донесоа негатива од 1:3, но во реваншот за само 40-тина минути го декласираа португалскиот тим.

Победата на Баерн ја најави Алкантара, а по него погодуваа Боатенг, Милер и два пати Боатенг, Мартинез ја спаси честа на Порто, а мечот го заклучи Чаби Алонсо со брилијантен гол д слободен удар.

Во среда ќе се одиграат преостанатите две средби од четвртфиналните реванши, Реал ќе го пречека Атлетико (0:0), а Монако ќе му биде домаќин на Јувентус (0:1).

Полуфиналната жрепка ќе се одржи во петок во Нион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП