25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ и Дибаба го добија наградите Лауреус

Ѓоковиќ и Дибаба го добија наградите Лауреус

150415112317-intv-djokovic-laureus-sportsman-year-00003505-exlarge-169

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, вторпат во кариерата ја освои престижната награда Лауреус, која му се доделува на најдобриот светски спортист. На церемонијата во Шангај за најдобра светска спортистка е прогласена атлетичарката од Етиопија, Гензебе Дибаба.

Инаку Ѓоковиќ наградата Лауреус за 2014-та ја заслужи со триумфот на Вимблдон и на уште шест АТП турнири кои му помогнаа да се врати на првото место на АТП листата. Ѓоковиќ оваа престижна награда ја освои пред три години.

Покрај српскиот тенисер, во конкуренција за наградата беа Кристијано Роналдо, Ф1 шампионот Луис Хамилтон, светскиот рекордер во скок со стап Рено Лавилени, светскиот првак во Мото ГП Марк Маркез и најдобриот голф играч Рори Мекилрој.

Поради обврските на Мастерсот во Монте Карло, Ѓоковиќ не присуствуваше на свечената церемонија.

Гензебе Дибаба минатата година го освои златниот медал на Светското првенство во сала на 3.000 метри.

Лауреус наградата за најдобар тим ја доби фудбалската репрезентација на Германија, која победи на Мундијалот во Бразил.

Наградата Лауреус се доделува од 2000 година и е една од најпрестижните, а многумина ја споредуваат со наградата на Американската филмска академија. Освојувачите на наградите ги избира жири составено од спортски легенди.

Фондацијата Лауреус годишно издвојува 40 милиони евра за помош на млади спортисти во 91 земја во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП