ПочетнаЕКОНОМИЈААгенцијата за поттикнување на развој на земјоделството отвори канцеларија во општина Илинден

Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството отвори канцеларија во општина Илинден

ilinden22

Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството отвори дисперзирана канцеларија во општина Илинден сместена во зградата на општината.

Целта на отворањето на канцеларијата е доближување на администрацијата до граѓаните, соработка со здруженијата на земјоделците и единиците на локалната самоуправа.

„На овој начин земјоделците ќе добијат своја канцеларија во која најблиску и по најкус пат ќе ги добиваат потребните информации и помош од администрацијата за можностите што ги нудат повеќето програми“, информираат од Општина Илинден.

Услугите што ги нудат стручните служби на Агенцијата се советодавни во земјоделието од сите области, совети за субвенции, за Ипард програмата, за програмата за рурален развој, за програмата за млад земјоделец, за добра земјоделска пракса, за подготовка на документи, барања, апликации…

Канцеларијата работи од 08:00-16:00 часот секој работен ден од понеделник до петок.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП