ПочетнаКОМПАНИИБМВ со рекордна продажба на возила во март

БМВ со рекордна продажба на возила во март

bmw230 rabota

Германскиот производител на автомобили БМВ во вторник соопшти дека минатиот месец ја остварил најдобрата мартовска продажба во својата историја.

Во извештајот е наведено дека минатиот месец во светот се продадени речиси 196 илјади автомобили БМВ, што е за 5,1 отсто повеќе во однос на март минатата година, јавува АП.

Во првото тромесечје оваа година БМВ оствари поголема продажба од конкуренцијата од Ауди и Мерцедес.

Продажбата на БМВ достигна речиси 452.000 автомобили, Ауди продаде над 438.000, а Мерцедес речиси 430.000 возила.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП