28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРено се врти накај Лотус

Рено се врти накај Лотус

reno-zolto

Рено е „нај ин“ снабдувач на мотори во Формула 1, но не судејќи по перформансите, туку по секојдневните пишувања во медиумите.

Војната со зборови помеѓу Ред Бул и Рено заврши „нерешено“, но во воздухот се уште висат најавите на францискиот производител за влез во Формула 1, како конструктор. Последен атмосферата ја подгреа Хелмут Марко кој најави дека е можно продлабочување на нивната соработка со Рено, преку болидот на Торо Росо во жолта боја.

Низ медиумите се повеќе се пишува дека Рено има буџет од 30 милиони евра, пари со кои сакаат да влезат во некој тим како делумни сопственици. Освен Торо Росо кој е логичен избор поради долгогодишната соработка, како можни цели се наведуваат екипите кои реално имаат финансиски проблеми, и тоа Форс Индија, Лотус и Заубер.

Поранешниот директор во Мерцедес, Боб Бел, дури е назначен за шеф на преговарачкиот тим од страна на французите кој треба да ја „испегла работата“ во нивно име. Во Малезија дури и се споменуваат состаноци на Бел со споменатите екипи.

Торо Росо изгледа дека е прескапа опција, затоа што споменатите 30 милиони евра не се доволни ни „да го офарбаат“ болидот во жолто. Традицијата и името на Заубер се прескапа опција, а од Лотус изјавиле дека сакаат да ја испочитуваат соработката со Мерцедес се додека имаат валиден договор со германците, до 2020-та година. Но, поранешната соработка на Боб Бел со Рено и Бенетон, претходниците на Лотус, и неговата близина до тимот од Енстон, се повеќе ја подгреваат надежта дека Рено ќе се врати онаму од каде што замина во 2011-та година.

Извор: круг.мк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП