24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти: Сé зависи од Барселона

Анчелоти: Сé зависи од Барселона

carlo-anceloti

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчеоти, вели дека неговата екипа знае што треба да се стори до крајот на сезоната, но дека во борбата за титулата сé зависи од Барселона.

Реал Мадрид минатиот викенд ја победи екипата на Гренада со неверојатни 9:1, но екипата на Карло Анчелоти сé уште е на второ место на табелата. Кралскиот клуб има четири бода помалку од првопласираната Барселона.

„Не сум сигурен дека ќе станеме прваци ниту ако ги победиме сите натпревари до крајот. Знам што треба да направиме, но во овој момент сé е во рацете на Барселона“, рече Анчелоти за шпанските медиуми.

Кралскиот клуб му гостува на Рајо Ваљекано во натпревар од 30-то коло на Примера.

„Ќе биде тежок натпревар. Рајо Ваљекано е борбен, добро организиран тим, кој умее да го контролира натпреварот. Така што, ќе мора да играме како против Гранада“, додаде Анчелоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП