18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтартува операцијата „Де Геа“!

Стартува операцијата „Де Геа“!

David-De-Gea-536035 (1)

Шпанскиот весник „АС“ продолжува да инсистира дека во даден момент голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа ќе заигра во Реал Мадрид.

Во денешниот број на весникот се открива стартот на операцијата „Де Геа“, на која работат на „Сантијаго Бернабеу“. Според неа во Реал имаат долг рок и се подготвени да почекаат повеќе од една година за талентираниот голман.

Европскиот шампион ќе упати понуда кон Јунајтед веднаш по крајот на сезоната, но „белите“ не се подготвени да платат огромна сума, каква нормално би побарале од „Олд Трафорд“. Се тврди дека „црвените ѓаволи“ ќе инсистираат на 68 милиони евра, иако договорот на голманот истекува за само една година, а во моментов двете страни се уште не се договориле за обновување.

Поради оваа причина Реал ќе почека до следното лето. Тогаш Де Геа ќе може да премине во Реал без пари, ако не потпише нов договор. Договорот сепак најверојатно ќе биде обновен, но во него шпанскиот голман ќе се обиде да постави услови, за да се олесни неговиот евентуален трансфер.

Според „АС“, Де Геа сака во договорот да биде вметната релативно ниска ослободувачки клаузула во износ од 30 милиони евра.

Тука во т.н. „Операција Де Геа“ е вовлечено името на друга класа голман – Петер Чех. Искусниот голман на Челзи речиси сигурно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“ во текот на летото, а интерес кон него пројавуваат Арсенал, Тотенхем и Ливерпул. Според „АС“ Чех може да се најде токму на „Бернабеу“ во текот на летото и да биде прв голман во Реал во овој амортизирачки период во кој „белите“ ќе се обидат да ја решат најголемата цел – Давид де Геа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП