18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСЕХА: Миклер го однесе Веспрем во финалето

СЕХА: Миклер го однесе Веспрем во финалето

mikler

Веспрем ќе му биде противник на Брест Мешков во финалето на завршниот турнир во СЕХА лигата, откако во второто полуфинале, во драматична завршница, славеше над ППД Загреб со 25:24 (14:10).

Дуелот во Веспрем арена беше целосно рамноправен до 24.минута и резултат 10:10, иако Веспрем имаше предност во 16.минута од 9:5. Загреб во наредните осум минути се врати во мечот и израмни на 9:9.

Веспрем во последните шест минути со головите на Нилсон, Гулијаш, Иванчик и Цајц на полувреме замина со предност од 14:10.

Унгарскиот шампион предноста која ја стекна во првиот дел без поголеми проблеми ја одржуваше се до 45.минута и резултат 21:16. Загреб во последните 15 минути успеа да се врати во мечот, полека ја топеа предноста на противникот играчите на Веселин Вујовиќ, а со двата гола на Степанчиќ во последната минута влегоа со нерешен резултат 24:24.

Чема Родригез потоа погоди за 25:24, Загреб тргна во напад во кој исклучување заработи Шуч, со играч повеќе левото крило Ковачевиќ не успеа да го совлада Миклер.

Илиќ, Родригез и Иванчик со по пет гола беа најефикасни во тимот на Веспрем, додека кај ППД Загреб Хорват постигна четири гола, а четворица играчи постигнаа гол помалку.

Финалето помеѓу Веспрем и Брест Мешков ќе се одигра в недела од 18 часот, додека во 15:30 часот во „малото финале“ ќе играат ППД Загреб и Вардар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП