19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар поразен од Брест Мешков

Вардар поразен од Брест Мешков

f4vardarmeskov

Минатогодишниот победник на регионалната СЕХА лига, Вардар запрен е во полуфиналето од годинешниот фајналфор од белоруски Брест Мешков, кој победи со 32:28.

Брест Мешков ја презеде контролата на мечот кон средината на првото полувреме и успешно ја чуваше предноста до крајот на мечот.

Најефикасен на натпреварот беше Растко Стојковиќ со девет гола, а во нашиот тим Немања Прибак и Алем Тоскиќ постигнаа по пет.

Вардар на овој меч настапи видно ослабен без повредените Дибиров, Брумен и Абутовиќ, а мечот го започна и без Штербик, Душебаев и Карачиќ.

Во финалето на фајнлфор турнирот во СЕХА лигата Брест Мешков ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Загреб и домаќинот Веспрем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП