ПочетнаКОМПАНИИОдржано редовно Годишно собрание на Комерцијална банка

Одржано редовно Годишно собрание на Комерцијална банка

kb

Денес, 25.03.2015 година, акционерите на Комерцијална банка АД Скопје го одржаа своето редовно Годишно собрание.

Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2014 година со бруто-добивка во износ од 109,4 милиони денари. По пресметување на данокот на непризнаени расходи од 13,8 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 95,6 милиони денари. Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 95,6 милиони денари и одлучија добивката да се издвои во резерви заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката.

На Собранието беа усвоени финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, како и Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2014 година, Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Банката за 2015 година и Извештајот за усогласеноста на работењето на Банката со Кодексот за корпоративно управување на акционерските друштва котирани на Македонската берза.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП