20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКинески бизнисмен го купува Милан

Кинески бизнисмен го купува Милан

milan-ac 11

Претседателот на Милан, Силвио Берлускони, решил 75 отсто од акциите на клубот да му продаде на кинескиот бизнисмен По Хер Вангсу, пренесува Тутоспорт. Како што се наведува Вангсу со првиот човек на Милан уште на 7-ми март договорил во наредните три години да стане сопственик на 3/4 од клубот.

Вангсу е познат во Северна Америка каде што има компанија која произведува енергетски пијалаци.

Белускони минатиот месец ја одби понудата на бизнисменот од Тајланд, Би Таечабол, кој за мнозинскиот пакет акции понудил сума од една милијарда евра.

Навивачите на Милан, во саботата го бојкотираа натпреварот со Каљари, незадоволни од клупската политика која се однесува и на продажбата на мнозинскиот пакет акции.

Берлускони од 1986-та година е на чело на клубот, овој период се смета за исклучително успешен бидејќи Милан пет пати стана европски првак и освои осум титули во Серија А.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП