19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа повидок „жежок“ трансфер период

На повидок „жежок“ трансфер период

transfer

По прилично мирниот јануарски преоден рок, големите европски клубови полека се подготвуваат за летниот фудбалски пазар. На скоро четири месеци пред почетокот на преодниот рок во кој фудбалерите ќе најдат работа на некое ново место, веќе се најавуваат некои сензационални трансфери.

Во медиумите се шпекулираат имињата, на Вејн Руни, Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ, Едисон Кавани, Луис Суарез, Радамел Фалкао и на останатите. Главната улога во летната претстава би можеле да ја одиграат, ПСЖ, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи, Баерн Минхен, Јувентус, Наполи и Милан.

transfer1

Како и секогаш, јавноста внимателно ќе го следи секој чекор на Кристијано Роналдо. Веќе подолго време се зборува дека фантастичниот Португалец ќе си замине од Мадрид и ќе се пресели во Париз. Поради извесното заминување на тренерот Карло Анчелоти од клупата на „светците“, не би било изненадување на „Паркот на принцовите“ во пакет со Роналдо, да дојде и Жозе Мурињо. Едно е сигурно, дека ПСЖ нема финансиски проблеми, па така може да реализира вакви „холивудски“ трансфери и без проблем да одвојат преку 100 милиони евра.

Кога веќе се споменува ПСЖ, секогаш непредвидливиот Златан Ибрахимовиќ веќе неколку пати им „намигна“ на заинтересираните страни, па така да, нема да биде никакво чудо доколку се откаже од проектот во Франција. Прв на листата за негов можен нов работодавец е неговиот поранешен клуб, Јувентус, а самиот Ибра го споменуваше и Баерн Минхен, но последниот клуб кој се вклучи во приказната е Манчестер Јунајтед. Се верува дека Златан би можел да чини, за неговите стандарди, „ситни“ 15 милиони евра.

transfer2

Истиот оној Манчестер Јунајтед, кој ќе го продава Вејн Руни. Како што стојат работите, момчето родено во Ливерпул имал жестока расправија со Алекс Фергусон, а кога тоа ќе се случи, шансите за останување се премногу мали. Медиумите во Англија веќе на Руни му залепија етикета на грбот со цена од 25 милиони фунти, а прв во редот ќе застане мадридски Реал.

Јувентус веќе, без платено обештетување, ги обезбеди услугите на Фернандо Љоренте, но амбициозните „црно-бели“ нема тука да застанат. Веќе подолго време желба на раководството е Луис Суарез, но се почесто се поменува и „атакот“ за потписот на скапиот Радамел Фалкао.

transfer3

Еден од „веќе видените“ трансфери, дефинитивно е поврзан со Уругваецот, Едисон Кавани. Напаѓачот на Наполи има ослободителна клаузула од 63 милиони евра, а упорниот претседател, Аурелио де Лаурентис сигурно нема да се откаже од своите побарувања. Сепак во Европа постојат такви клубови кои можат да си го дозволат тоа, а како најсериозни се споменуваат Челзи и Манчестер Сити.

Актуелниот првак на Европа и шампион на Англија секогаш се интересни кога се трансферите во прашање. Нивната листа на желби е составена од некои од најскапите играчи на денешницава, па во тефтерите на менаџерите веќе подолго време се споменува, Кавани, но и напаѓачот на Атлетико Мадрид, Радамел Фалкао.

transfer4

Секако ќе има и заминување од кај лондонските „сини“. Познато е дека Фернандо Торез ги „потроши кредитите“ во Лондон и дека сопственикот, Роман Абрамовиќ нема повеќе трпение за него. Според најновата информација Шпанецот би можел да се пресели во Баерн Минхен, а во Лондон на негово место да дојде Марио Гомез.

На крајот ни миланскиот великан нема да седи со скрстени раце. Срамежливо се споменува враќањето на Златан Ибрахимовиќ, што реално не е опција, но во фокусот на „миланезите“ се најде Един Џеко. Се верува дека 20 милиони евра се доволни босанскиот интернационалец да стане нова ѕвезда на Серија А.

transfer5

Во секој случај не очекува „жежок“ летен преоден рок. Нови аквизиции, нови надежи и нови потрошени стотици милиони евра, но останува само прашањето кој ќе ја заврши работата најдобро?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП