24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Победи на Атланта и ГС, Вејд доминантен против Кливленд

НБА: Победи на Атланта и ГС, Вејд доминантен против Кливленд

20150316_PK_KINGS_HAWKS_2834 (1)

Атланта и Голден Стејт ја продолжуваат трката по првата позиција во НБА лигата, откако во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот триумфираа над Сакраменто односно ЛА Лејкерс. Индивидуално богата НБА програма ја одбележаа Двејн Вејд кој блескаше против Кливленд и Кајл Лаури кој забележа ‘трипл дабл’ во победата на Торонто над Индијана.

Перо Антиќ во победата на Атланта во Сакраменто (110:103) партиципираше со пет поени за речиси 17 минути игра. Инаку и на овој натпревар тренерот на Атланта, Мајк Баденхолцер, реши да одмори неколку играчи (Ал Хорфорд, Кајл Корвер, Мајк Скот), па тимот до победата го предводеа Пол Милсап со 19 поени и 10 скока, односно Џегжф Тиг со 23 поени.

Атланта има скор од 53 победи и 14 порази, ист број на победи но и пораз помалку има Голден Стејт. Вориорси потешко од очекувањата славеа во „Стејпл Центар“ над ЛА Лејкерс со 108:105. Клеј Томпсон постигна 26 поени, а Стеф Кари имаше учинок од 19 поени и 9 асистенции.

Мајами славеше над Кливленд (106:92) најмногу поради играта на Двејн Вејд. Популарниот Флеш постигна 32 поени, од кои 21 во првото полувреме кога Мајами стекна недостижна предност. Помош во реализицијата Вејд доби од Горан Драгиќ (20 поени, 9 асистенции) односно Хасан Вајтсајд (16 поени) и Марио Чалмерс (16 поени).

Леброн Џејмс на својот поранешен тим му уфрли 26 поени, додека Кајри Ирвинг имаше учинок од 21 поен и 6 асустенции.

Торонто славеше над Индијана со 117:98, а меч винер беше Кајл Лаури кој имаше ‘трипл дабл’ учинок од 20 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Одличен меч за Торонто одиграа Мо Вилијамс кој постигна 24 односно Демар Дерозан стрелец на 22 поени.

Резултати: Вашингтон-Портланд 105:97, Мемфис-Денвер 92:81, Минесота-Бруклин 122:106, Далас-Оклахома 119:115, Јута-Шарлот 94:66.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП