24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКошаркарскиот сојуз на Словенија ја поддржа одлуката на ФИБА

Кошаркарскиот сојуз на Словенија ја поддржа одлуката на ФИБА

kzs_logo2 (1)

Кошаркарскиот сојуз на Словенија објави дека ја поддржува одлуката на ФИБА и дека ќе работи на тоа националното првенство во иднина да стане посилно и поквалитетно. ФИБА во неделата вечерта објави дека повеќе не ја поддржува регионалната АБА лига.

„Она што ние го сакаме е да имаме посилна домашна лига и клубовите до места во европските клубови да доаѓаат низ националното првенство“, порачаа од Кошаркарскиот сојуз на Словенија.

Изминатите години тимовите од овие простори до места во европските купови (Евролига и УЛЕБ Еврокуп) стигнуваа преку остварениот пласман во АБА лигата, која е членка на УЛЕБ. На овој начин последици имаше врз националните првенства односно Сојузите кои ја прифатија регионалната лига.

„Сите национални федерации како членки на ФИБА мора да ги почитуваат донесените одлуки, така било во минатото, така ќе биде и во иднина“, истакнуваат од Кошаркарскиот сојуз на Словенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП