20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити ќе потпише рекорден спонзорски договор

Сити ќе потпише рекорден спонзорски договор

Etihad-Stadium212

Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити најде начин како да ја изигра Европската фудбалска унија (УЕФА) и финансискиот фер-плеј, поради чие кршење на правилата заработи гигантска казна од 60 милиони евра и намалување на списокот на играчи за оваа сезона.

Решението на Манчестер Сити е историски рекорден договор во Премиерлигата.

Поради финансискиот фер-плеј, Сити не може да купи играчи кои сака да ги има во тимот и да биде уште подобар. Затоа, со својот досегашен спонзор „Итихад“, планираат да потпишат нов договор според кој ќе заработуваат годишно по 80 милиони фунти.

„Граѓаните“ во моментов имаат договор со „Итихад“ од 400 милиони фунти за десет години, но сега ќе го ревидираат, со цел да добијат повеќе пари во касата. Инаку, досегашното спонзорство било вклучено спонзорство на стадионот, на дресовите и на фудбалската академија.

Инаку досегашниот најголем спонзорски договор, со важност од идната сезона, го имаше Манчестер Јунајтед, кој со „Адидас“ потпиша спонзорство вредно 750 милиони фунти за една деценија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП