20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО’Трипл дабл’ на Вестбрук, Данкан по 1.310 натпревари не постигна поени

’Трипл дабл’ на Вестбрук, Данкан по 1.310 натпревари не постигна поени

Russell Westbrook, Amir Johnson, Jonas Valanciunas, Kyle Lowry

Расел Вестбрук ја продолжи својата доминација во НБА лигата, откако во победата на Оклахома над Торонто (108:104) го забележа шеттиот ’трипл дабл’ на последните шест натпревари. Во дербито Голден Стејт славеше над ЛА Клиперс со 106:98.

Вестбрук, во отсуство на повредениот Кевин Дурент, игра во неверојатна форма. Бекот на Тандер против Торонто имаше учинок од 30 поени, 11 скокови и 17 асистенции. За Вестбрук ова е шетти ’трипл дабл’ на последните шест натпревари.

Покрај Вестбрук во победата на Оклахома се истакнаа уште Серж Ибака и Енес Кантер кои постигнаа по 21 поен.

Голден Стејт, иако конечниот резултат не го покажува, лесно го доби дербито со ЛА Клиперс. Вориорси во најголем дел од натпреварот имаа предност помеѓу 14 и 20 поени. Дрејмонд Грин со 23, односно Клеј Топмсон и Шон Ливингстон со по 21 поен беа најефикасни кај Голден Стејт.

Шампионот Сан Антонио славеше над Чикаго со 115:106. На овој меч ќе се сеќава Тим Данкан бидејќи тој е првиот за него по 1310 натпревар во лигата кој го заврши без постигнат поен. Данкан кој е еден од најдобрите играчи во лигата и кој 19 години е на НБА паркетите ги промаши сите осум шутеви од поле.

Резултати: Детроит-Шарлот 101:108, Бруклин-Јута 88:95, Орландо-Бостон 103:98, ЛА Лејкерс-Далас 93:100.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП