25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИБА повеќе не ја признава АБА лигата

ФИБА повеќе не ја признава АБА лигата

aba-liga

Европскиот огранок на Светската кошаркарска федерација (ФИБА Европа), повеќе не ја признава регионалната АБА лига. Во соопштението на ФИБА се наведува дека причина за ваквата одлука се неусогласените правила на АБА со генералниот статут и правилникот на федерацијата.

Поради фактот дека сезоната е во тек, ФИБА нема да превзема никакви чекори, но од следната сезона АБА лигата нема да биде признаена како легитимно натпреварување.

ФИБА соопшти дека АБА лигата не доставила доволно информации во врска со неколку точки кои од неа ги побарала ФИБА Европа и ФИБА.

Инаку ФИБА на состанокот одлучила да го признае второто регионално натпреварување БИБЛ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП