28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси криел приходи од добротворни натпревари

Меси криел приходи од добротворни натпревари

Barcelona's Lionel Messi of Argentina arrives at an event in Barcelona

Еден од најдобрите светски фудбалери, Лионел Меси повторно има проблем со законот бидејќи натпреварите кои биле организирани под покровителство на неговата добротворна организација се под истрага на шпанската полиција.

Германскиот магазин „Дер Шпигел“ тврди дека Централната оперативна единица, задолжена за перење пари и организиран криминал, една година се обидувала да утврди каде завршиле парите заработени од мечевите во серијата „Меси и пријателите“.

Првичните сомневања се дека парите заработените од натпреварите завршиле во рацете на играчите, агентите и самиот Меси, а само дел во фондацијата.

Истрагата потврди одредени нерегуларности при истражувањето на документите и од разговорите со сведоците, а пронајдени се и писмени потврди дека милиони евра заработени од тие натпревари завршиле во банки на Карибите.

Аргентинецот одигра шест добротворни натпревари со својот тим, а парите заработени беа наменети за децата избеглици од Сирија и аргентинските дечиња кои боледуваат од тешки болести.

Промотерот на спортските мечеви и пријателот на Хорхе, таткото на Меси, Гилјермо Марин бил испитуван и изјавил дека натпреварите имале вкупен приход од седум милиони и 100 илјади евра, а дека само 276.000 стигнале до фондацијата на Меси. Со останатиот дел од парите не знае што се случило.

Полицијата кон крајот на 2013-та година го испитувала и Меси, а играчот на Барселона изјавил дека не добил од натпреварите и дека приходите биле уплатени до фондацијата. Неговите соиграчи од каталонскиот клуб, Хавиер Маскерано и Дани Алвеш исто така негираа дека заработиле пари од тие натпревари, како и дека им биле платени само сместувањето и авионските билети.

Во игра влегува и Роберт Левандовски, поточно неговиот агент. Застапникот на полскиот фудбалер во разговор за „Дер Шпигел“ откри дека одбил понуда од 27.000 евра за учество на Полјакот на два меча, но и дека организаторите потоа неколку пати во низа ја зголемиле понудата до околу 230.000 евра!

На добротворните натпревари помеѓу останатите учествуваа и Жулио Цезар, Тјери Анри, неколку други играчи на Барселона, па не треба да си преголем агент за да разбереш дека и други фудбалери добивале слични понуди, како и дека воопшто не треба да чуди тоа што на крајот само мизерен дел од приходот завршил таму каде што треба.

Меси е еден од најдоброплатените спортисти на светот и се проценува дека годишно инкасира околу 40 милиони евра и навистина не делува како да му е потребно да се занимава со вакви измами за да дојде до пари. Сепак, ова не е прв проблем на Меси кој го поврзува со скандали, бидејќи се уште се очекува пресудата околу неплатениот данок до шпанските власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП