ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на економијата на Канада

Раст на економијата на Канада

kanada-ka-ka-kanada

Канадската економија во последниот квартал од 2014 година забележа раст од 2,4 проценти во однос на истиот период пред една година.

Забележаниот раст е незначително под предвидувањата на Банката на Канада чии очекувања изнесуваа 2,5 проценти, но над проценките на аналитичарите од анкетата на Ројтерс кои прогнозираа раст од два проценти, пренесува кандскиот Прес.

Во декември на месечно ниво бруто домашниот производ (БДП) на Канада порасна за 0,3 проценти благодарение на индустриското производство.

Во извештајот на канадскиот Завод за статистика се наведува дека секторот за експлоатација на нафта и гас во голема мера придонел за економскиот раст во минатогодишниот квартал.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП