16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОFIA забрани промени во дизајнот на кацигите

FIA забрани промени во дизајнот на кацигите

kacigi222

Светската автомобилистичка федерација (FIA) ги објави новите правила кои се однесуваат на кацигите кои ги носат возачите во Формула 1. Според новото правило возачите во текот на сезоната нема да можат да го менуваат дизајнот на кацигите.

FIA смета дека со ова правило ќе им овозможи на навивачите полесно да ги разликуваат возачите на патеката.

Изминатите сезони најчесто дизајнот на кацигата го менуваше четирикратниот светски првак Себастијан Фетел. Сепак во правилникот FIA нагласува дека мали измени на кацигата ќе можат да бидат направени во случај возачот да добие нов спонзор.

Годинешниот шампионат во Формула 1 ќе започне нa 15-ти март со трката за Големата награда на Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП