19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСЕХА: Металург испушти сензација во Брест

СЕХА: Металург испушти сензација во Брест

metalurg-kil

Ракометарите на Металург загубија во СЕХА лигата кај Брест Мешков со 25:23.

Младиот состав на Лино Червар, без последните три засилувања, беше на чекор до сензационален резултат но поради лошата игра во првите осум и последните четири не изборија поволен резултат.

Металург во првото полувреме имаше негатива од пет гола (6:1, 7:2), а во второто се врати по минусот од шест гола (18:12). Во последните четири минути екипите влегоа целосно израмнети (23:23), но Металург до крајот не успеа да постигне гол, а Стојковиќ и Манојловиќ погодија за домаќинот и го поставија конечниот резултат.

Гоце Ојлески со седум и Дарко Ѓукиќ со шест гола беа најефикасни во редовите на Металург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП