25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерги го продава Руни

Ферги го продава Руни

Rooney-and-Ferguson2

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон е незадоволен од игрите на англискиот репрезентативец, Вејн Руни, па затоа најверојатно ќе го продаде во летниот преоден рок.

Напаѓачот на „црвените ѓаволи“ не се најде во стартниот тим за средбата со Реал, а тоа на многумина им беше јасен знак дека не цвета повеќе љубовта меѓу Руни и Ферусон.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Јунајтед веќе ја одредил и откупната цена за англискиот репрезентативец, која изнаесува 25 милиони фунти.

Руни во црвениот дел од Манчестер дојде пред девет години за 30 милиони фунти од Евертон. Пред две ипол години тој сакаше да си замине од „Олд Трафорд“, но во последен момент се предомисли и потпиша нов договор.

На 271 натпревар, колку што досега одигра во Јунајтед, Руни постигна 140 погодоци, но во моментов е трета опција во нападот, зад Ван Перси и Велбек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП