ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на потрошувачката на дијаманти во Кина

Пад на потрошувачката на дијаманти во Кина

diamond11china

Количината на увезени обработени дијаманти во Кина во јанаури забележала пад четврти месец по ред.

Минатиот месец во Кина биле увезени обработени дијаманти во вредност од над 150 милиони долари, што е за 24 отсто помалку на годишно ниво.

Ваквиот пад се објаснува со забавеното светско економско закрепнување и слабата домашна побарувачка.

Потрошувачката на дијаманти во Кина минатата година достигна рекодно високо ниво благодарение на силниот раст во првите три квартали.

Во државата биле увезени обработени дијаманти во вредност од над 2,2 милијарди долари.

Кина моментно е втор по големина потрошувач на дијаманти во светот и четврти по големина трговец на необработени дијаманти.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП