25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал се прошета низ Гелзенкирхен, реми во Базел

Реал се прошета низ Гелзенкирхен, реми во Базел

real-shalke

Реал го совлада Шалке во Гелзенкирхен со 2:0 и веќe може да размислува за противникот во четвртфиналето, додека Базел и Порто одиграа 1:1 во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите.

Реал не блескаше во Гелзенкирхен но ја оправда улогата на фаворит против Шалке. Кристијано Роналдо го отвори резултатот во 26.минута, кога со глава одлично реагираше на центаршутот кој го упати Карвахал.

Португалецот постигна гол на 13-то гостување на Реал во низа со што е апсолутен рекордер во ЛШ.

Пред постигнувањето на голот, Шалке имаше можност да постигне гол, но ударот на Хунтелар го одбрани Касиљас.

До крајот на полувремето Бензема и Роналдо имаа шанси да го зголемат водството но голманот на Шалке успеа да ги удбрани нивните удари.

Во второто полувреме Реал ја контролираше играта и ја чекаше грешката на противникот. Тинејџерот Плате во 77.минута ја погоди гредата од голот на Касиљас, а веќе во следниот напад прекрасен гол постигна Марсело и го постави конечниот резултат.

Во Базел домаќинот поведе во раната фаза од натпреварот, Парагваецот Гонзалес го постигна првиот гол во 11.минута. Португалскиот тим потоа а презеде играта доминираше, неговите играчи пропуштија неколку изгледни шанси, а израмнувањето го донесе Данило со гол од пенал во 79.минута.

На овој натпревар во стартниот состав на Порто немаше ниту еден Португалец.

Реванш натпреварите во Мадрид и Порто ќе се одиграат за две недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП