18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛШ: Без победник во Париз и Лвов

ЛШ: Без победник во Париз и Лвов

Untitled

Нокаут фазата во фудбалската Лигата на шампиони стартуваше со нерешени резултати на мечевите кои се играа во Париз и Лвов.

Првиот меч од дербито на оваа фаза помеѓу ПСЖ и Челзи заврши со резултат 1:1, додека Шахтјор и Баерн одиграа без голови.

На „Паркот на Принцовите“, Челзи истрча со намера да постигне гол и да не загуби и успеа да ја исполни целта. ПСЖ беше тимот кој ја диктираше играта, особено во второто полувреме, но Тибо Курота успеа да го спаси својот тим од пораз.

Инаку Челзи без игра од првата изгледна шанса постигна гол. По еден корнер целата дефанзивна линија на тимот остана пред голот на Сиригу, Тери центрираше од десната страна, Кејхил со ја подигна таа топка во петерецот каде Ивановиќ со главаја спроведе во мрежата.

ПСЖ израмни преку Кавани во 59. минута, Матуиди и Максвел комбинираа на левата стрна овој вториот упати центаршут, а Уругваецот со глава го матираше Куртоа.

Во Лвов, Баерн имаше игра и доминираше во првите половина час но не успеа да постигне гол, потао Шахтјор се ослободи од притисокот, беше рамноправен со Баварците, а во последните 25 минутидомаќинот не го искористи искучувањето на Чаби Алонсо да постигне гол.

Реванш натпреварите во Лондон, односно Минхен ќе се одиграат за две недели.

Во среда на програмата се мечевите Шалке-Реал и Базел-Порто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП