ПочетнаИНТЕРЕСНОВудс неопределено време ќе паузира

Вудс неопределено време ќе паузира

tajger vuds2

Еден од најдобрите голфери на денешницата, Тајгер Вудс, рекол дека одреден период ќе паузира, се додека не биде сигурен дека е целосно подготвен.

Поранешниот број 1 во светот на голфот оваа година поради проблемите со грбот настапи на само два натпревара, а се повлече од турнирот во Тори Пајнс.

„Последните две недели беа многу разочарувачки за мене. За жал во последно време зачестија повредите. Последната не е поврзана со операцијата која ја имав кон крајот на минатата година. Мојата игра и резултатите едноставно не се прифатливи“, истакнал Вудс кој нема освоено ниту една позначајна титула уште од 2000-та година кога победи на УС Опен.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП