29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА Ол Стар: Новицки замена за Дејвис

НБА Ол Стар: Новицки замена за Дејвис

dirk novicki 54

Крилниот центар на Далас, Дирк Новицки, ќе игра на „Ол Стар“ натпреварот кој во недела ќе се одигра во Њујорк. Новицки доби покана од комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, да го замени повредениот Ентони Дејвис од Њу Орлеанс.

Новицки (36) во НБА лигата е 18 години, а во недела ќе го одигра својот 13-ти Ол Стар натпревар.

Оваа сезона Германецот во просек бележи по 18,3 поени и 6 скока по натпревар.

Инаку, Новицки е веќе четвртата замена која е направена во пресрет на натпреварот на сите ѕвезди, претходно поради повреди настапот го откажаа Блејк Грифин, Коби Брајант и Двејн Вејд.

Комесарот Силвер на нивните места ги повика Демаркус Казинс (Сакрамнето), Демијан Лилард (Портланд) и Кајл Корвер (Атланта).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП