29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГениј за ИТ алгоритми ја откри најголемата банкарска афера „Свисликс“

Гениј за ИТ алгоритми ја откри најголемата банкарска афера „Свисликс“

42-49902164

Поранешен вработен во банката, Ерве Фалсијани, е човекот кој ги украл податоците за сопствениците на сметките тешки 180 милијарди евра од швајцарската подружница на британската банка HSBC.

Фалсијани кој го нарекуваат „гениј за ИТ алгоритми“ е роден во Монако, има двојно француско-италијанско државјанство и во банката работел од 2006-та година.

Специјализирал за анализа на податоци (data mining), а минатата година бил кандидат на европските избори во Шпанија.

Иако тој лично се поистоветува со Џејмс Бонд, фиктивниот лик кој го создаде британскиот писател Jан Флеминг, неговата приказна сепак многу повеќе наликува на делувањето на Едвард Сноуден, поранешниот соработник на американската CIA, којшто откри податоци за глобално шпионирање.

Како и во случајот со Сноуден, истекувањето на податоците кои Фалсијани ги украл во 2007 година одекнаа во светот како бомба.

Во претходните осум години неговата акција, за којашто швајцарскиот суд тврди дека е изведена заради стекнување лична полза, ги натерала судските органи во САД, Франција, Шпанија, Аргентина и Белгија да покренат постапки против затајувачите на данок.

Во Грција, Јоргос Папаконстантино, поранешниот министер за финансии, одговара поради тоа што ја игнорираше листата на оние кои криеле пари во Швајцарија, која ја достави неговата тогашна француска колешка Кристин Лагард, сега челничка на Меѓународниот монетарен фонд.

Претходно седмицава Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари почна да ги објавува податоците до кои дошол Фалсијани. Откриено е дека работниците во HSBC во текот на 2004 и 2005 година одржале најмалку 1.645 состаноци во 25 земји со клиенти и потенцијални клиенти.

Состаноците биле одржани од луксузни хотели во Париз и Тел Авив, преку пијано бар во Антверпен и аеродром во Конго, до приватни резиденции во Копенхаген. Банкарите на спорните состаноци им предлагале на клиентите начини за избегнување на плаќањето на даноци во ЕУ, советувајќи да отворат офшор компании и во нив да ги префрлат средствата.

Меѓу клиентите кои го криеле богатството од даночните служби на матичните држави имало многу корпорации, познати личности и опасни криминалци, а меѓу нив има и Македонци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП