29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГолем број на банкротирани ех-фудбалери во Англија

Голем број на банкротирани ех-фудбалери во Англија

SPT IHN 141206-11

Тројца од петмина поранешни фудбалери во Премиерлигата прогласуваат банкрот во рок од пет години по завршувањето на нивната играчка кариера, објави Хуманитарниот фонд за помош на поранешните играчи во Англија (XPro).

И покрај фактот дека фудбалерите во просек заработуваат околу 35.000 евра неделно, многумина од нив ги трошат парите или погрешно ги инвестираат. Дел од нив забораваат да платат данок, други пак губат пари на скапите бракоразводни парници.

„Ова можеби звучи неверојатно, а особено за навивачите, но тоа навистина се случува во англискиот фудбал“, вели шефот на „XPro“, Геоф Скот, поранешен играч на Стоук и Бирмингем.

Меѓутоа, Извршниот директор на здружението на професионални играчи, Гордон Тајлер не се сложува со податоците на „XPro“, туку нагласува дека бројката на банкротирани фудбалери се движи од 10 до 20 проценти.

„Фудбалерите се наоѓаат во проблеми затоа што по прекинувањето на кариерата не заработуваат повеќе толку многу пари. Поради тоа ние ги поттикнуваме младите играчи да штедат за во иднина, за времето по нивната кариера. Неможе да се живее во ист стил како и додека играте“, порача Тејлор.

„XPro“ објави како им помага на бројни поранешни играчи, а меѓу нив се наоѓа и поранешниот репрезентативец на Англија, Ли Хендри кој во јануари прогласи банкрот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП