ПочетнаИНТЕРЕСНОХокејарскиот клуб ‘‘Металург‘‘ од Скопје во рамките на Балканската Хокеј Лига одигра...

Хокејарскиот клуб ‘‘Металург‘‘ од Скопје во рамките на Балканската Хокеј Лига одигра три натпревари

sas

Хокејарскиот клуб ‘‘ Металург‘‘ од Скопје во рамките на Балканската Хокеј Лига во Софија викендов одигра три натпревари против екипите на Дњепар, Динамо и Ледени Ѓаволи екипи од Бугарија.

Во првиот натпревар одигран во петокот (06.02.) против екипата на Дњепар екипата на Металург ја забележа петтата сезонска победа во регионалната БАХЛ лига со 4-1 (1-0, 2-0, 1-1).

Ова беше уште еден квалитетен натпревар сериозно нагласувајќи ги амбициите и потенцијалот за висок пласман оваа година.

Ова е втора победа над екипата на Дњепар откако во есенскиот дел Металург славеше со 4-0.

За Металург хет-трик постигна Стефан Децковски и еден гол постигна Дмитри Прокудин.

Вториот натпревар против екипата на Динамо се одигра во саботата (07.02.) во еден многу интересен и доста тврд натпревар од самиот почеток екипата на Металург славеше со 4-0 (0:0, 0:2,0:2) откако во втората и третата третина успеа да го скрши отпорот на домаќините. Шеста победа за зацврстување на врвот на табелата во БАХЛ лигата.

Головите помеѓу себе ги ‘‘поделија‘‘ Стефан Децковски и Дмитри Прокудин постигнувајќи по два погодоци.

Натпреварот помеѓу Ледени ѓаволи не се одигра бидејќи домаќините не се појавија на мразот. Службена победа од 5:0 за екипата на Металург.

 

zaza

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП