28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Росонерите“ го претставија својот нов дом (фото+видео)

„Росонерите“ го претставија својот нов дом (фото+видео)

ac milan stadion

Раководството на Милан покажа како ќе изгледа новиот стадион, кој ќе го замени општинскиот „Сан Сиро“, како нов дом на „црвено-црните“.

Миланскиот гигант игра на легендарниот објект од 1926-та година, но раководството на клубот има амбиција да го преместат тимот на сопствен стадион. Проектот се очекува да биде завршен до 2018/2019 година.

ac milan stadion1222

Со големата активност се занимава главно извршниот директор Барбара Берлускони, која веќе беше именувана за следен претседател на Милан од нејзиниот татко Силвио Берлускони.

Најверојатно со проектот за новиот дом на 18-кратниот шампион ќе биде ангажирана компанијата која го изгради стадионот „Алијанц Арена“ во Минхен, кој е сметан за еден од најмодерните објекти во светот.

ac milan stadion23333

Според планот стадионот на „росонерите“ ќе располага 48.000 гледачи, што е за 33.000 помалку од капацитетот на „Сан Сиро“, чиј трибини се за 81.277 лица. Барбара и нејзиниот тим, сепак очекуваат дека идниот дом на тимот ќе носи огромни профити, по примерот на „Јувентус Стадион“ во Торино. Во 2009-та година, Јувентус го урна 70-илјадниот „Деле Алпи“, кој беше изграден за Светското првенство во 1990-та година, и издигна на негово место сопствен дом за 41.000 гледачи. Во моментов „Јувентус Стадион“ е најгламурозниот објект во Италија.

ac milan stadion34444

До новиот стадион на Милан, кој е во непосредна близина на клупските канцеларии, ќе има цел хотелски комлекс, спортска академија, ресторани, продавници и друго. Сето тоа е дел од раководната стратегија која „Лејди Би“ се обидува да ја наметне во Милано. Таа има за цел да направи од Милан една целосно профитабилна компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП