20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн се откажа од Ројс!

Баерн се откажа од Ројс!

rojs baern

Долги месеци се шпекулираше за желбата на Баерн Минхен да ја привлече ѕвездата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс. Според весникот „Билд“, сепак, од таборот на „баварците“ конечно се одлучиле дека немаат желба да го привлечат германскиот репрезентативец.

Трансфер на Ројс во насока Минхен изгледаше доста веројатна поради клаузулата за одрекување во договорот на крилниот фудбалер, според која секој клуб може да го привлече за 25 милиони евра.

Причината за неподготвеноста на германскиот гигант да се обиде да го привлече Ројс, сепак е премногу големиот број на квалитетни играчи во предните позиции. Со Ариен Робен, Франк Рибери, Марио Гетце, Томас Милер и Роберт Левандовски, „баварците“ имаат доволно опции и трансфер на Ројс би донел повеќе незадоволство во тимот, отколку позитивни реакции.

Освен тоа од таборот на Баерн го споменуваат фактот дека Ројс се сколон на повреди и често е надвор од терените.

Одбивањето на Баерн да го привлече Ројс, сепак тешко ќе ја промени желбата на фудбалерот да премине во клуб, кој се бори за големи признанија во Европа. Во моментов фаворит за неговиот потпис изгледа е Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП