
Корпорацијата Интел денес објави годишен приход од 55,9 милијарди долари, оперативен приход од 15,3 милијарди долари, нето приход од 11,7 милијарди долари и заработувачка по акција од 2,31 долари.


Корпорацијата Интел денес објави годишен приход од 55,9 милијарди долари, оперативен приход од 15,3 милијарди долари, нето приход од 11,7 милијарди долари и заработувачка по акција од 2,31 долари.
Компанијата заработила приближно 20,4 милијарди долари готовина од работење, платила дивиденди од 4,4 милијарди долари и искористила 10.8 милијарди за повторно да купи 332 милиони акции на берзата.
За четвртиот квартал, Интел објави приход од 14,7 милијарди долари, оперативен приход од 4,5 милијарди долари, нето приход од 3,7 милијарди долари и заработувачка по акција од 0,74 долари. Компанијата заработила приближно 5,8 милијарди долари готовина од работењето, платила дивиденди од 1,1 милијарди долари и искористила 4 милијарди долари за повторно да купи 115 милиони акции на берзата.
„Четвртиот квартал беше силен финиш на рекордна година,“ изјави генералниот директор на Интел, Брајан Крзанич. „Достигнавме и надминавме неколку важни цели: заживување на бизнисот со персонални компјутери, растење на бизнисот со дата центри, воспоставување на присуство кај таблети, проширување и иновација во нови области. Можеме да направиме повеќе во 2015. Ќе ја подобриме профитабилноста кај преносливите, мобилни уреди, истовремено Интел ќе остане фокусиран на следниот бран на компјутери.“
Годишно 2014 година, Клучни финансиски податоци и состојба на деловните единици
Четврт квартал (Q4) Клучни финансиски податоци и состојба на деловните единици
| Финансиска споредба | |||
| Годишно | |||
| 2014 | 2013 | vs. 2013 | |
| Приход | 55.9 милијарди долари | 52.7 милијарди долари | зголемување 6% |
| Бруто маржа | 63.7% | 59.8% | зголемување 3.9 поени |
| R&D и MG&A | 19.7 милијарди долари | 18.7 милијарди долари | зголемување 5% |
| Оперативна добивка | 15.3 милијарди долари | 12.3 милијарди долари | зголемување 25% |
| Даночна стапка | 25.9% | 23.7% | зголемување 2.2 поени |
| Нето добивка | 11.7 милијарди долари | 9.6 милијарди долари | зголемување 22% |
| Заработувачка по акција | 2.31 долари | 1.89 долари | зголемување 22% |
| Финансиска споредба | |||
| По квартали од година во година | |||
| Q4 2014 | Q4 2013 | vs. Q4 2013 | |
| Приход | 14.7 милијарди долари | 13.8 милијарди долари | зголемување 6% |
| Бруто маржа | 65.4% | 62.0% | зголемување 3.4 поени |
| R&D и MG&A | 5.0 милијарди долари | 4.8 милијарди долари | зголемување 4% |
| Оперативна добивка | 4.5 милијарди долари | 3.5 милијарди долари | зголемување 25% |
| Даночна стапка | 21.4% | 26.1% | намалување 4.7 поени |
| Нето добивка | 3.7 милијарди долари | 2.6 милијарди долари | зголемување 39% |
| Заработувачка по акција | 74 центи | 51 центи | зголемување 45% |
| Финансиска споредба | |||
| По квартали секвенцијално | |||
| Q4 2014 | Q3 2014 | vs. Q3 2014 | |
| Приход | 14.7 милијарди долари | 14.6 милијарди долари | зголемување 1% |
| Бруто маржа | 65.4% | 65.0% | зголемување 0.4 поени |
| R&D и MG&A | 5.0 милијарди долари | 4.8 милијарди долари | зголемување 5% |
| Оперативна добивка | 4.5 милијарди долари | 4.5 милијарди долари | намалување 2% |
| Даночна стапка | 21.4% | 27.1% | намалување 5.7 поени |
| Нето добивка | 3.7 милијарди долари | 3.3 милијарди долари | зголемување 10% |
| Заработувачка по акција | 74 центи | 66 центи | зголемување 12% |
Деловна перспектива
Деловната перспектива на Интел не ги вклучува потенцијалните влијанија од какви било деловни комбинации, стекнување на средства, продажби или други инвестиции што можат да се извршат по 15-ти јануари.
Годишно 2015
Q1 2015
За дополнителни информации за деловната перспектива на Интел, погледнете го коментарот на главниот финансиски директор на веб-страницата: www.intc.com/results.cfm.
Статус на деловната перспектива
Деловната перспектива на Интел може да се најде на intc.com и може да се повторува на јавни или приватни состаноци со инвеститори и други. Деловната перспектива ќе биде ефективна до завршувањето на деловното работење, 13-ти март освен ако не се ажурира порано; со исклучок на деловната перспектива за амортизацијата на нематеријални срества поврзани со стекнување, влијанието на капиталните инвестиции, камата и останато и даночната стапка, кои ќе бидат ефективни само до завршувањето на деловното работење на 22-ри јануари. Таканаречениот тивок период на Интел ќе започне на 13-ти март до објавувањето на заработувачката за третиот квартал, кое е закажано за 14-ти април. Во текот на тивкиот период, сите деловни перспективи и други изјави кои се однесуваат на иднината објавени во објавите за новинарите и финансиските извештаи треба да се сметаат за минати, од гледна точка пред тивкиот период и кои не се ажурирани од страна на компанијата.
Фактори на ризик
Горенаведените искази и сите други во овој документ кои се однесуваат на плановите и очекувањата за четвртиот квартал, за годината и во иднина се далекусежни изјави кои вклучуваат голем број на ризици и неизвесности. Зборови како што се “предвидува“, “очекува“, “има намера“, “планира“, “верува“, “има за цел“, “проценува“, “може“, “ќе“, “треба“ и нивните варијации се вбројуваат во далекусежни изјави. Извештаи кои се однесуваат или се базираат на проекции, неизвесни настани или претпоставки, исто така се идентификуваат како далекусежни извештаи. Многу фактори можат да влијаат на реалните резултати на Интел, и разлики од сегашните очекувања на Интел во врска со таквите фактори, можат да предизвикаат реалните резултати материјално да се разликуваат од оние изразени во овие делекусежни изјави. Според Интел следните фактори се важни и би можеле да предизвикаат резултатите материјално да се разликуваат од очекувањата на компанијата.
Детална дискусија за овие и други фактори што можат да влијаат на резултатите на Интел, се вклучен во најновите извештаи Form 10-K и Form 10-Q.
Интернет пренос за заработувачката
Интел ќе одржи јавен интернет пренос денес, во 14 часот по дневно пацифичко време на својата веб страница за инвеститорите на: www.intc.com. Ќе има реприза на преносот, како и можност за преземање во MP3 формат.
Интел ќе поднесе извештај за својата заработувачка од првиот квартал од 2015 година на 14-ти април. Веднаш по ивештајот, компанијата планира да објави коментар на Стејси Џ. Смит, постар потпретседател и главен финансиски директор на: www.intc.com/results.cfm. Јавен интернет пренос на конференцијата за заработувачката на Интел ќе следува во 14 часот по дневно пацифичко време на www.intc.com.