ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажните цени на производителите на индустриски производи пониски во декември

Продажните цени на производителите на индустриски производи пониски во декември

industrija 3405

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември се пониски за 3,7 проценти на месечно ниво, односно за 3,8 отсто на годишно ниво.

Во споредба со ноември, цените се пониски во групата Енергија за 9,6 проценти и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,4 проценти.

Во однос на декември 2013 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 9 отсто, во групата Капитални производи за 6 отсто и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП