ПочетнаИНТЕРЕСНОТотенхем ја објави цената за која ќе се раздели од Лорис

Тотенхем ја објави цената за која ќе се раздели од Лорис

hugo loris 535

Екипата на Тотенхем ја објави цената, за која е подготвена да го продаде својот голман Хуго Лорис, пренесуваат медиумите на „Островот“.

Според информациите, Тотенхем најавија дека ќе го ослободи од обврските еден од најдобрите играчи за сума од 25 милиони фунти.

Блиски извори до клубот велат дека Французинот има голема желба да игра во Лигата на шампионите, и тоа е негова главна мотивација за да бара промена на средината.

Неименувани извори велат дека дури Тотенхем да се пласира во најкомерцијалниот турнир на Стариот континент, ова нема да запре Лорис, кој копнее да игра на највисоко ниво.

Истовремено се споменува дека можни дестинации за Лорис се Реал Мадрид и ПСЖ.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП