Претседателот нa Франција, Франсоа Оланд, смета дека падот на светските цени на нафтата не е исклучиво последица од конфликтот околу Украина.
„Тоа не може да се сведе на украинското или руско прашање. Денес постои рамнотежа меѓу понудата и побарувачката, како и избалансираност на нафтените ресурси кои го оправдуваат намалувањето на цената на нафтата“, укажа тој во Брисел.
Според Оланд, тоа влијае на економијата на земјите производители – Русија, а во втор план и на САД, особено во врска со нафтата и гасот од шкрилци.
Истовремено тоа е поволно за економијата на Франција, на која и одговара падот на цената на нафтата, изјави тој и потсети дека уделот на нафтата сочинува 30 проценти од вкупните енергенси кои ги увезува неговата земја.