ПочетнаИНТЕРЕСНОВеспрем со 12 победи го заврши првиот дел од СЕХА лигата

Веспрем со 12 победи го заврши првиот дел од СЕХА лигата

vespre

Ракометарите на унгарскиот шампион Веспрем синоќа ја остварија и 12-та победа во истотолку одиграни натпревари во СЕХА лигата.

Со максимален учинок тие се наоѓаат на првата позиција. Веспрем ја совлада Војводина со 31:26, додека на вториот дуел одигран вчера Татран Прешов го победи Мешков Брест со 26:22.

Ова беа последните два натпревара во календарската 2014 година. Лигата треба да продолжи на 1 февруари 2015 година со дуелот меѓу Металург и Нексе.

До продолжението табелата го има следниот изглед: Веспрем 36 бодови (12 натпревари), Вардар 30 (12), ППД Загреб 24 (13), Татран Прешов 24 (12), Мешков Брест 24 (11), Металург 11 (10), Нексе 10 (12), Раднички 7 (13), Војводина 6 (13), Борац 4 (12).

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП