20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТајкун од Таjланд подготвен да го купи Милан

Тајкун од Таjланд подготвен да го купи Милан

bi ticabol

Тајландскиот претприемач Би Таечобол пројавува голем интерес за купување на италијанскиот гигант Милан.

Според информациите на „Скај Спортс“ се уште нема ништо официјално, но намерите на милијардерот се сериозни. Бизнисменот го споделил својот интерес пред Фабио Канаваро и други поранешни фудбалски величини кои беа дел од „Global Legends Series“, настан кој беше во организација на самиот Таечобол.

„Би сакал да го купам Милан, но бараните 900 милиони евра ми се гледаат многу. Ајде прво да заврши овој турнир, а потоа ќе се фокусирам само на тоа прашање. Сакам да инвестирам во италијанскиот фудбал и сакам тоа да е во Милан“, им рекол тајландскиот бизнисмен на своите соговорници.

Барањата на Берлускони од 900 милиони евра веднаш беа оспорени и од други заинтересирани, дека тоа е превисока цена за клуб кој нема сопствен стадион, а играчите во составот не се од највисока светска класа.

Би Таечобол е шеф на компанијата „Таи Прајм“, која е специјализирана во стекнувањето на фирми кои не котираат на берзата. Тој инвестираше околу 1,2 милијарди во Азија и Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП