ПочетнаЕКОНОМИЈАСингапур има 260 милијарди долари девизни резерви

Сингапур има 260 милијарди долари девизни резерви

singapur pari 2

Монетарните власти во Сингапур денеска соопштија дека во ноември девизните резерви на оваа држава изнесуваат 260,6 милијарди долари или околу пет милијарди помалку од истиот месец минатата година.

Оценка е дека ова е стабилен тек на финансиските резерви, а намалувањето се должи на помалата вредност на сингапурскиот во однос на американскиот долар.

Монетарните власти соопштија дека трендот на зајакнувањето на сингапурскиот долар во однос на еврото и јапонскиот јен ќе продолжи и во иднина, што локалната валута ја прави посилна во однос на другите валути во регионот.

Овој тренд, сметаат експертите, го зајакнува мотивот за финансирање во државите соседи од југоисточна Азија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП