19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФормула 1 - бизнис вреден неколку милијарди долари

Формула 1 – бизнис вреден неколку милијарди долари

bernie2

Шефот на Формула 1, Берни Еклстоун призна пред еден месец дека компанија која тој ја управува доживува тешки финансиски проблеми. Според податоците на „Moody’s“, долговите на Формула 1 се 4.1 милијарди долари.

Неофицијално се знае дека за време на Големата награда на САД, три од тимовите („Lotus“, „Force India“ и „Sauber“) се заканиле со бојкот на трката заради распределбата на финансиите

Просечната проценка на тим од Формула 1 денес е околу 494 милиони долари, во однос на 337 милиони долари пред две години, пишува „Forbes“. Тимот на „Ferrari“ е оценет на 1,4 милијарди долари, а „McLaren“, „RedBull“ и „Mercedes“ односно на 810, 640 и 560 милиони долари.

Иако тимови како „Ferrari“ и „McLaren“ заработуваат милиони, останатите тимови не се справуваат толку добро. За 2013-та година девет тимови објавија загуба во просек од 28 милиони долари пред оданочување, камати, провизии и амортизација.

Аналитичарите очекуваат Еклстоун да објави иницијална јавна понуда што може да ја оцени компанијата на повеќе од 8 милијарди долари, што е 17 пати повеќе од годишните нејзините приходи во висина од 456 милиони долари. Вкупната оценка на Формула 1, сепак е доста повисока и таа изнесува 3,8 милијарди долари. Тука влегуваат телевизиските права, спонзорските договори и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП