ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландски компании заинтересирани за инвестиции во Македонија

Холандски компании заинтересирани за инвестиции во Македонија

kompanii holndija

Најголемиот производител на печурки од Холандија и неколку компании од металната индустрија кои произведуваат шасии, се заинтересирани за инвестиции во Македонија.

Ова му е предочено на заменик­директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекеровски по бизнис средбите со претставници на петнаесет холандски фирми од различни сектори меѓу кои хортикултура, земјоделство, логистика и металургија.

„Како резултат на овие бизнис средби очекуваме во наредниот период неколку посети на компании од Холандија во Македонија“, соопшти Агенцијата за странски инвестиции.

За време на престојот во Холандија, Шекеровски посети осум града.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП